Пандемијата со COVID-19 влијае на животот на луѓето во огромен обем, директно (од инфекции) и индиректно (со неорганизирање на секојдневниот живот). Би сакале да Ве поканиме да учествувате во нашето истражување. COVID-19, личност и квалитет на живот: Само-подобрување во време на пандемија, меѓународен проект за тоа што верувањето на луѓето за коронавирусот, за што чувствуваат, мислат и прават во однос на пандемијата и како е поврзана нивната личност со нивните реакции. Координатор на проектот е проф. Magdalena Żemojtel-Piotrowska, Cardinal Stefan Wyszynski University во Варшава Во Полска, Центар за меѓукултурна психологија. Списокот на нашите национални соработници може да се најде на линкот на Центарот за меѓукултурна психологија CSWU: https://www.crossculturalpsychlab.com/ , Research Gate: https://www.researchgate.net/project/COVID-19-personality-and-quality-of-life-Self-enhancement-in-the-time-of-pandemic

Целта на оваа студија е да се направи сеопфатен попис на луѓето со нивните емотивни и когнитивни реакции кон пандемијата COVID-19.

Ако се согласувате да партиципирате:
- Студијата трае околу 20-30 min
- Треба да имате најмалку 18 години
- Ќе бидете прашани за Вашата возраст, пол, етничка припадност, и економскиот статус на Вашето семејство. Ќе ве запрашаме и за вашиот град на живеење (локација) затоа што овие информации се важни за нашите анализи. Студијата е анонимна и сите податоци ќе се користат само за заедничка анализа.

Ако сте согласни да учествувате, се замолувате да ја одберете опцијата „Се согласувам“ подолу, со притиснување на соодветно означеното место. Ако одберете да не учествувате, тогаш одберете „Не се согласувам“ со притиснување на соодветно означеното место или затворете го прозорецот.